Топ 4 најсмртоносни растенија во светот

Ги откриваме растителните видови кои се сметаат за најопасни и најотровни растенија на целата планета.

Според некои теории, растенијата развиле одредени токсини за самоодбрана. Одредени видови растенија содржат комбинација на хемиски соединенија кои се ефикасни против инсекти, штетници и други микроорганизми, но кои се штетни и за луѓето.

Јадич

Градинар од Велика Британија почина под мистериозни околности во 2014 година, откако му откажале речиси сите органи. Иако причината за смртта не е откриена, постои сомневање дека несреќниот градинар најверојатно починал откако дошол во контакт со растението наречено модар јадич (лат. Aconitum napellus), кое припаѓа на родот Aconitum од фамилијата Ranunculaceae. Најотровен дел од растението е коренот, но и листовите се доста отровни. Невротоксините од растението можат да се апсорбираат преку кожата, а некои од симптомите на труење се печење, повраќање, вкочанетост и дијареа.

Во 2010 година, Лахвир Синг беше осудена за убиство на нејзиниот љубовник, откако во карито му ставила јадич. Но, и покрај гастроинтестиналните проблеми, нејзиниот поранешен љубовник успеал да го преживее труењето. Освен овие симптоми, ова смртоносно растение го успорува срцето, што секако може да доведе до смрт, пишува BBC.

Манцинел

Друго озлогласено растение е манцинеловото дрво (лат. Hippomane mancinella), кое уште го нарекуваат и дрво на смртта, а чиј плод неверојатно потсетува на јаболко, поради што го нарекуваат и јаболко на смртта. Дрвото расте во јужните делови на Северна Америка и северните делови на Јужна Америка и е толку отровно што дури и на дожд не се препорачува да се стои под него. Имено, органското соединение форбол помешано со дождовница може да предизвика тешки изгореници. Не се препорачува горење на ова дрва, бидејќи чадот е токсичен и може привремено да го заслепи секој што е во негова близина. Иако дури и стоењето покрај ова растение е опасно, самото јадење на плодот навистина може да убие.

Рицинус

И покрај неговите раскошни црвени плодови кои можат да разубават многу градини, рицинусот е многу отровно растение. Кај нас народно се нарекува и морски коноп (лат. Ricinus communis). Сите делови на растението се отровни, но концентрацијата на отров е најголема во семињата. Симптоми на труење се повраќање и дијареа кои можат да траат и до една недела пред смртта да настапи поради откажување на функциите на органите.

Раково око

И растението наречено раково око (лат. Abrus precatorius) припаѓа на опасните растенија. Имено, отровната супстанца абрин се наоѓа во светлоцрвените семиња кои се користат и при изработка на перкусии и накит. Само едно семе од ова растение кое расте во Индонезија може да биде фатално за човечкото тело, но само ако го џвакате.

Тагови
реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Read more

Вести

Два грбави кита срушија рекорд пливајќи меѓу Австралија и Бразил

Read more

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Read more

Microsoft враќа некои од старите функции во Windows 11

Read more

Microsoft враќа омилена функција во Windows 11

Read more
 

Гик

Два грбави кита срушија рекорд пливајќи меѓу Австралија и Бразил

Читај повеќе

Американска компанија развива пловечки AI центри на море кои би се напојувале од бранови

Читај повеќе

Крај на бесплатното твитање: X воведува драстични ограничувања, дури и на приватните пораки

Читај повеќе
  • play_arrow

За кои ретро мобилни телефони колекционерите денес плаќаат десетици илјади долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астероид денеска поминува блиску до Земјата: Каде можете да го гледате?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Читај повеќе

Microsoft враќа некои од старите функции во Windows 11

Читај повеќе

Microsoft враќа омилена функција во Windows 11

Читај повеќе

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Читај повеќе