Трамп: Ќерка ми Иванка треба да биде првата жена претседател на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е еден од оние политички и јавни ликови кои длабоко ја делат јавноста на екстреми.

Неговите ставови и политики или наидуваат на потсмев и неверување или на овации и одобрување до степен на култно обожавање.

Но, додека САД подлабоко тонат во здравствена криза предизвикана од пандемијата со COVID-19, за која тој самиот сноси огромен дел од одговорноста, Трамп реши да отвори нова контроверзна тема.

Пред симпатизерите на митинг во Њу Хемпшир Трамп сериозно рече дека неговата ќерка Иванка е поквалификувана да биде првата жена претседател на САД во споредба со демократката Камала Харис која е номинирана за потпретседател на кандидатот Џо Бајден.

„И јас сакам да ја видам првата жена претседател, но не да дојде на таа позиција како Харис која не е компетентна“, рече Трамп.

„Сите кажуваат дека ја сакаат Иванка“, рече Трамп покажувајќи кон толпата симпатизери во која ретко кој носеше заштитна маска.

„И ги разбирам“, рече Трамп и додаде дека Харис „не е од оние жени кои ќе се запишат во историјата со тоа дека станале првата жена претседател“.

Remote video URL

А која е Камала Харис, во споредба со „татината ќерка“ Иванка Трамп?

Камала Харис е првата Афроамериканка која една од двете водечки партии ја кандидирале за потпретседател во историјата на САД.

Харис, сенаторка од Калифорнија, беше именувана од претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден. Таа е четврта жена што досега ја кандидирала Демократската партија. Претходно сите три изгубиле – две како кандидатки за потпретседател, а Хилари Родам Клинтон изгуби како ривал на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Камала Харис (55) и сама се кандидираше за претседателска номинација од Демократската партија пред да го поддржи Бајден.

Кога беше избрана во Сенатот во 2016 година беше само втората афроамериканска сенаторка во историјата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Пред да биде избрана за сенаторка беше главен државен обвинител во Калифорнија.

Харис преку социјалните мрежи порача дека ѝ е чест што е номинирана и дека Џо Бајден може да ги обедини Американците.

Позната е по директните и остри прашања, особено за време на истрагата за потврда на кадидатурата на Брет Кавано за врховен судија.

Нејзината кандидатура за потпретседателка би можело да придонесе за поголем одзив кај афроамериканските гласачи кои се најлојално гласачко тело на Демократската партија.

Претседателот Доналд Трамп е изненаден што неговиот противкандидат Бајден ја избрал Камала Харис за своја кандидатка за потпретседател, бидејќи, како што изјави, таа била многу лоша кон Бајден за време на дебатите.

Трамп рече дека Харис била „многу, многу непријатна“ кон Бајден за време на внатрепартиските избори на демократите.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе