Вчеравечер, во 21:45 часот, во Полициската станица Аеродром, 24-годишната Т.П. од Скопје пријавила дека на улицата „Владимир Комаров“ била касната од куче скитник, извести МВР.
Во Полициската станица Аеродром каснување од куче кај Железничката станица вчера пријавил и 66-годишниот Е.Д. од Скопје.
А, пак, во 17:30 часот во Полициската станица Драчево 33-годишниот Р.Д. од Скопје пријавил дека на улицата „Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.