Uber хакиран од тинејџер, вработените мислеле дека се работи за шега

Uber соопшти дека спроведува истрага за инцидент поврзан со сајбер безбедноста откако се појавија информации за хакирање на интерни системи на компанијата.

Станува збор за хакерски напад извршен од 18-годишник кој добил администраторски пристап до алатите на компанијата вклучувајќи ги и Amazon Web Services и Google Cloud Platform.

Според New York Times, Uber изгасил неколку интерни системи вклучително и Slack додека го истражува случајот. Засега од компанијата не одговараат на новинарски прашања, но преку Twitter ја потврдија информацијата дека истрагата е во тек и соработуваат со полицијата.

Хакерот наводно им се „јавил“ на вработените во Uber така што објавил порака во интерниот Slack систем. Потоа навел доверливи информации за компанијата со хаштаг дека Uber не ги плаќа доволно своите возачи.

Многумина од вработените на почетокот мислеле дека станува збор за шега, па дури и на објавата од хакерот реагирале со различни емотикони. Вработените имале интеракција со хакерот, верувајќи дека сето тоа е шега.

За New York Times, хакерот потврдил дека има 18 години и дека ја хакирал компанијата од чиста забава, како и дека размислува за објавување на изворниот код на компанијата.

URL
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Чек дис аут

Болоња уште во XII век имала облакодери: Била Менхетн на средниот век

Read more

Како Првата светска војна ги променила границите на Европа?

Read more

Најубавите божикни базари во Европа: Кога почнува сезоната на празнична магија?

Read more

Како Нови Сад го добил името?

Read more
 

Магазин

Колку сол всушност треба да ставите во водата кога варите тестенини?

Читај повеќе

Едноставен пијалaк со кој треба да го започнеме утрото

Читај повеќе

Што треба да јадете ако се разбудите исцрпени и уморни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Омилен десерт за сите деца: Направете мачкини очи како од слаткарница

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Читај повеќе

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе