Украина воведува вонредна состојба, што значи тоа?

Б.С.Б.
/ 23.02.2022 / 13:38

Украина побара од парламентот да прогласи вонредна состојба од 30 дена поради воената напнатост со Русија на источната граница, соопшти Олексиј Данилов, секретар на државниот совет за национална безбедност.

Тоа значи дека може да се воведе полициски час и да им се нареди на граѓаните да останат дома.

Украина веќе почна да ги регрутира резервистите на возраст од 18 до 60 години. украинското министерство за надворешни работи ги предупреди Украинците да не патуваат во Русија и ги повика своите граѓани кои се веќе таму, да ја напуштат таа земја.

Парламентот во Киев одобри санкции против 351 Русин, односно за застапниците кои гласаа за признавање и испраќање руски војници. Ним им е забранет влезот во Украина, пристап до имотот, капиталот, недвижнини и дозволи за вршење деловни активности.

„Мораме од советот да побараме веднаш да се воведат санкции против криминалците, против сите парламентарци во Думата кои гласаа за распарчување на Украина“, изјави Ирина Херашченко од партијата Европска солидарност.

Санкциите формално ги воведува украинскиот совет за одбрана и национална безбедност.

Минатата недела 351 руски застапници побараа од претседателот Владимир Путин да ја признае независноста на двете самопрогласени републики на истокот на Украина, контролирани од проруски сепаратисти. Путин тоа го направи во понеделникот.

Украинскиот парламент денеска изгласа и закон со кој на Украинците им се овозможува да носат оружје во самоодбрана.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе