Украинка ја исфрли најдобрата тенисерка во светот од Вимблдон

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек е елиминирана од Вимблдон.

Вистинска сензација направи Елина Свитолина која по три сета славеше со резултат 7:5, 6:7 и 6:2.

Швјонтек во овој дуел влезе како апсолутен фаворит. Тенисерката број еден во светот играше против Украинката (76. ВТА) и таму се надеваше дека ќе стигне до полуфиналето на Вимблдон.

Сепак, Полјачката, која е прва носителка на турнирот и беше најголем фаворит за новата Грен слем титула, денеска не можеше да слави и се прости во рана фаза со оглед на очекувањата.

Во првиот сет видовме по два брејка на двете страни. Дватапати Швјонтек имаше брејк предност, но во двата наврати Свитолина се враќаше пред да и го одземе сервисот на противничката по третпат за конечни 7:5.

Следуваше уште подраматичен втор сет. И во кој Швјонтек повторно имаше брејк предност, но Свитолина се врати на 3:3. Со добри сервиси двајцата тенисери го одведоа мечот во тај-брејк, а таму подобро се снајде светскиот број еден и израмни на 1:1 во сетовите.

Сепак, третиот решавачки сет во целост ѝ припадна на Украинката Свитолина која со 6:2 обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон каде ќе игра против Маркета Вондроусова која денеска ја совлада Џесика Пегула.

URL

Она што е највпечатливо е што Свитолина не играше повеќе од една година поради бременост и породување. Раѓањето на ќерката го прослави со својот партнер, познатиот тенисер Гаел Монфис, и затоа не играше од почетокот на 2022 година до април оваа година. Таа се врати и напиша вистинска бајка на Вимблдон.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе