Уште еден производител на телефони го исфрла полначот од пакувањето

По Apple, а потоа Samsung, уште еден производител на мобилни телефони го елиминира полначот од пакувањето.

Oppo ја брендираше својата технологија за брзо полнење SuperVOOC која постигнува одлични резултати. Сепак, ништо не трае вечно - компанијата Oppo лошата вест ѝ ја пренесе на публиката при претставувањето на серијата телефони Reno8 на европскиот пазар.

Збогум на полначите

Според заменик-директорот за операции на Oppo, Били Жанг, од следната година можеме да очекуваме полначите да отсуствуваат од пакувањето на неколку уреди. Жанг изјави: „Следната година ќе го отстраниме полначот од пакувањето на неколку производи, но имаме план бидејќи знаеме дека на нашите клиенти не им е лесно да добијат SuperVOOC полнач. Планираме да ги прошириме нашите операции, но истите тие полначи ќе ги направиме достапни во продавниците за да можете да ги купите и да продолжите да ги користите дури и кога ќе го промените телефонот.

Затоа, го отстрануваме полначот, но не грижете се дека ќе можете да го купите одделно во продавниците каде што истиот полнач ќе биде достапен откако планираме да го отстраниме од вашиот пакет со одредени мобилни телефони.“

Како да не вложиле премногу труд во објаснувањето.

Која е причината?

Во овој момент, некои големи производители на мобилни телефони одлучија да го елиминираат полначот од пакувањето. Првиот беше, се разбира, Apple, следен од Samsung, па логично беше да се очекува и другите производители на мобилни телефони да ги следат трендовите. Да не заборавиме, сето тоа со образложение дека фрлањето полначи не е добро за животната средина и разни полулогични објаснувања. И не смее да се заборави фактот дека цените на уредите не се намалуваат за сумата на полначот, туку се зголемуваат.

Ситуацијата со телефоните Oppo е малку поспецифична поради самата технологија за полнење SuperVOOC, која достигнува големи брзини и беше една од функционалностите кои го одвојуваа овој производител од конкуренцијата. Останува да почекаме и да видиме со каков план смислила оваа компанија и како отсега ќе се разликува од останатиот опсег на мобилни телефони.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе