Услугите на Starlink секојдневно ги користат 150.000 Украинци

Сателитската интернет мрежа Starlink секојдневно ја користат околу 150.000 Украинци. Бројот на дневно активни корисници е базиран на „груби податоци“ кои украинскиот министер Михајло Федоров ги сподели на Twitter.

Федоров побара помош од директорот на SpaceX, Илон Маск откако Русија ја нападна Украина, со цел земјата да добие сателитски интернет. Најбогатиот човек во светот тогаш одговори позитивно. Интернет услугата е активирана во регионот иако SpaceX на ова подрачје сè уште не започна со комерцијални операции.

Со оглед натоа што интернет каблите беа мета на руските напади, идеално решение за Украина беа Starlink терминалите. Досега, ова не само што им помогна на Украинците да останат онлајн, туку им овозможи на пациентите во болниците да имаат континуирана нега. NBC пренесе дека во Украина моментално се активни пвоеќе од 10.000 Starlink терминали од кои 1.333 се овозможени од американската агенција за меѓународен развој USAID.

Според извештаите на SpaceX, Starlink има околу 250.000 претплатници низ светот. Со оглед на тоа што услугите во Украина моментално се бесплатни, се поставува прашањето за покриеност и долготрајна економска одржливост на услугите.

Важно е да се истакне дека бројот на дневно активни корисници е поинаков од бројот на претплатници. На еден безжичен рутер може да се поврзат дури 128 уреди, тврдат корисниците на Starlink.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе