Вештачката интелигенција ChatGPT доаѓа во Word и Outlook

Во текот на следниот месец, Microsoft би можел да покаже како ќе изгледа имплементацијата на вештачката интелигенција во пакетот Office на компанијата.

 

Microsoft има големи планови кога е во прашање вештачката интелигенција, која би можела да стане клучен дел од повеќето производи на компанијата. Првите индикации за тоа што може да очекуваме неодамна ги добивме кога ја претставија надградената верзија на пребарувачот Bing и интернет прелистувачот Edge во кој беше имплементирана оваа технологија.

Затоа, Bing и Edge се само почеток, а нивните најпопуларни производи како Word, PowerPoint, Outlook и други апликации наскоро ќе следат. Треба да дознаеме како Microsoft ја замислил имплементацијата на вештачката интелигенција во Word и други алатки за еден месец, кога се очекува и официјалната презентација. Така барем тврдат технолошките медиуми запознаени со состојбите во компанијата.

Вештачката интелигенција во PowerPoint и Excel може, врз основа на корисничките упатства, сама по себе да креира различни скици и графикони, што би ја поедноставило и забрзало работата на презентациите. Исто така, не е тешко да се заклучи врз основа на сето она што досега го видовме со ChatGPT, дека во рамките на Word и другите апликации, вештачката интелигенција на Microsoft би можела да пишува различни текстови, да одговара на мејлови и слично. Сè што треба да направи корисникот е да обезбеди што е можно попрецизни упатства и текстот брзо ќе се појави на екранот. После тоа, потребно е само уредување на содржината и евентуално исправање на граматичките грешки.

Со оглед на тоа што неодамна ги претставија Bing и Edge со вештачка интелигенција, ова брзо претставување на други производи е само доказ дека на Microsoft му се брза. Многумина беа воодушевени од ChatGPT и неговите можности, па со тој четбот беше лансирана вистинска револуција на вештачката интелигенција и компаниите сега се обидуваат што поскоро да ги претстават своите алатки и производи со вештачка интелигенција, за што побрзо да го заземат своето место на овој пазар.

До неодамна никој не можеше ни да замисли дека толку брзо ќе се појави конкурент на пребарувачот Google, но ситуацијата радикално се промени со воведувањето на споменатиот четбот, кој ни покажа како пребарувањето на интернет може да биде различно и поедноставно. Неодамна Google воведе и сопствен чет-бот со вештачка интелигенција, кој на почетокот не се прослави, па поради само една грешка пазарната вредност на компанијата падна за повеќе од 100 милијарди долари.

Како што пренесуваат на порталот The Verge, Microsoft е свесен дека секогаш постои можност да се појават нови конкуренти кои би можеле да го размрдаат пазарот и да го загрозат нивниот Office на сличен начин како што Microsoft сака да му се закани на пребарувачот Google.

URL
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Вести

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Read more

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Read more

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Read more
 

Гик

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Читај повеќе