Вестбрук го израмни рекордот на Оскар Робертсон

Расел Вестбрук синоќа успеа да го израмни рекорд во НБА лигата кој се сметаше за недопирлив. Неверојатниот Рас го забележа 41-от трипл-дабл во сезоната и го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962.

Оклахома го победи Милвоки, убедливо со 110:79, а победата на Тандер мина во знакот на Расел Вестбрук, кој за 22 минути успеа да забележи трипл-дабл (12 поени, 13 скокови и 13 асистенции).

Рас го израмни рекордот од 41 трипл-дабл учинок во една сезона на Оскар Робертсон и во исто време се израмни на вечната листа со уште една легенда, Вилт чембрлен. Овие двајца со 78 трипл-даблови во кариерите го делат четвртото место на вечната листа, каде неприкосновен лидер е токму Оскар Робертсон (181).

„Ова е посебна ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Она што е навистина посебно во целата приказна е што ова успеав да го направам тука, во Оклахома. Целата оваа сезона е вистински благослов за мене“, рекол Вестбрук, кој 13-ти пат сезонава забележа трипл-дабл за само три четвртини.

Инаку, во моментот кога ја запиша десеттата асистенција, со која стигна до седмиот трипл-дабл во низа и 41-ви во сезоната, целата арена во Оклахома започна да скандира „МВП, МВП; МВП“, а судиите му дозволија на официјалниот спикер да соопшти дека еден од најдобрите играчи на денешница влезе во историјата на кошарката.

Вестбрук до крајот на сезоната има можност да стане апсолутен рекордер, а исто така ќе се обиде да го собори рекордот на Вилт Чембрлен кој во сезоната 1967/1968 забележал трипл-дабл на девет последовни натпревари.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе