Вил Смит во борба против себеси во трејлерот за „Gemini Man“
Популарниот режисер Анг Ли ги здружи силите со Вил Смит за филмот „Gemini Man“, а во првиот објавен трејлер можеме да го видиме холивудскиот актер како се бори против помлада верзија од себеси.
Вил Смит е во улогата на Хенри Броган, елитен платен убиец кој е во бегство од неговиот помлад клон кој сака да го убие. Со помош на визуелни ефекти, тој ги глумеше двете улоги со тоа што беше компјутерски подмладен за потребите на улогата на помладиот клон.
Премиерата на филмот е закажана за 11 октомври оваа година.