ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Локалните избори во Охрид, со освоени најголем број гласови на гласањето за градоначалник и на гласањето на листата за советници во Советот на општината.
Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати пред партиските симпатизери на Градскиот плоштад и соопшти дека има ибедливо водство пред кандидатот од СДСМ, Константин Георгиески од над 2.000 гласови, но тоа сè уште не значи победа во првиот круг.
Според неофицијалните податоци, на Пецаков му недостасуваат уште 300 гласови за победа во првиот круг.