ВМРО-ДПМНЕ: Сопругата на Ковачевски добила државно земјиште по багателна цена од 70 денари за м2

Ковачевски бараше да не му се спомнува семејството, ама тој упорно го вмешува во своите скандали и бизниси. Последниот случај е дури чисто безобразие. Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владата на Ковачевски на сопруга на Ковачевски ѝ овозможува милионски повластици, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со одлука на владата, во која Ковачевски е премиер, г-ѓата Ковачевска добила државно земјиште по џабе цена од 70 денари за метар квадратен. На 14 март Владата и доделила на компанијата на сопругата на Ковачевски 1.119 м2 во Радовиш по багателна цена за нивниот соларен бизнис.

„За 70 денари граѓаните не можат килограм кромид да купат, а г-ѓата Ковачевска добила земјиште со потпис на Артан Груби. Демек ако потпишал Груби, наместо Ковачевски, нема да има никаков проблем“, додаваат од оваа партија.

Очигледно, како што велат, Ковачевски и Груби решиле да си чуваат грб во криминалите еден на друг. „Прво Ковачевски го поддржа Груби за скандалот со тендерот за надзорот и имотите на луѓето блиски до Груби, а сега овој му се заблагодарува со можност сопругата на Ковачевски да добие 1119м2 за само 1.273 евра. Во време кога владее невидена сиромаштија, кога компании ставаат клуч на врата, за само илјада и кусур евра жена му на Ковачевски добива можност за милионски бизнис.

Ако мислат дека си ги кријат криминалите на овој начин многу се лажат. И Груби, и Ковачевски еден ден ќе одговараат за сите криминали и скандали“, е потенцирано во пишаната реакција од оваа партија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more
 

Вести

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе