ВМРО-ДПМНЕ: Судот потклекна под притисокот на СДСМ

„Судот потклекна на бескрупулозниот и отворен притисок на опозицискиот СДСМ, кој нема никаква врска со правдата и почитувањето на законите“, објави владејачката партија неколку часа откако Основниот суд Скопје 1 одлучи да ја да ја прифати жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), и на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, опфатен со предметот познат како „Транспортер“ да му одреди 30-дневен куќен притвор.

„Само неколку часа, откако СДСМ се закани, и најави лични тужби против судиите, Кривичниот суд ја измени сопствената одлука, и наместо обезбедување присуство, изрече мерка притвор. Оваа одлука не е базирана на закони и факти, туку е одлука донесена под жесток политички притисок и нема никаква врска со реалната состојба“, тврдат од владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквата постапка е поврзана „единствено е поврзано со политичките игри на СДСМ и додворувањата на судството кое отсекогаш е мета и посакувана цел на СДСМ, но кога не им успева додворувањето и партиското лобирање почнуваат со заканите и притисоците“.

Според владејачката партија, илузорно е да се смета дека Владимир Талески ќе ја напушти државата, и ќе се даде во бегство, нешто за што „не постои никаква индиција ниту здраворазумски факт“.

„Ваквата одлука на Кривичниот суд има политичка намена, за кокетирање во јавноста од страна на СДСМ во отсуство на реални резултати и вистински дебакл на нивните антидржавни политики. Целокупното работење на градоначалникот Талески е базирано врз дословно спроведување на законот за јавни набавки“, се додава во реакцијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе