Приказната на Мухамед Али продолжува со неговиот внук, 21-годишниот Нико Али Волш.
Нико е син на Рашида Али, ќерката на славниот боксер Мухамед Али. Првата професионална борба ја доби со технички нокаут.
По победата изјави дека е свесен под колкав притисок се наоѓа поради славното презиме што го носи, но нему Мухамед Али му беше и дедо и идол.
Волш го победи Џордан Викс со технички нокаут во професионалното боксерско деби во саботата.