Во Сингапур, мајка која во март за време на бременоста била инфицирана од новиот коронавирус, роди бебе кое има антитела, но не и COVID-19.
Бебето е родено минатиот месец. Тоа е нов доказ дека COVID-19 може да се пренесе од мајката на плодот. Се претпоставува дека мајката ги пренела своите антитела на плодот за време на бременоста.
Светска здравствена организација и понатаму нема сознанија дали мајката може да ја пренесе заразата на фетусот за време на бременоста или на бебето за време на породувањето. Досега не е пронајден COVID-19 во плодовата вода и во мајчиното млеко.
Американските лекари во октомври соопштија дека е реткост пренесувањето на COVID-19 од мајката на новороденчето.