Водич за денешната тројна жрепка на УЕФА

Жрепката за сите европски клупски натпреварувања ќе се одржи денеска во Нион, а навивачите најмногу ги интересира извлекувањето на паровите за осминафиналето во Лигата на шампионите кое ќе се одржи точно на пладне по средноевропско време.

Денеска во седиштето на УЕФА во Нион ќе се одржи жрепката за нокаут-фазата од Лигата на шампионите, Лига Европа и Европа конференциската лига. Од час во час извлекувањата ќе се одржуваат по тој редослед од 12, 13 и 14 часот.

Лига на шампиони

Победниците на групите во овосезонското издание на Лигата на шампионите ќе бидат носители, додека второпласираните ќе бидат, на хартија, во подредена позиција. Ограничувањата за жрепката се исти како и сите претходни години и во нив се наведува дека во оваа фаза не можат да се сретнат клубови од исти земји, ниту клубови кои играле во иста група.

Носителии: Арсенал (Англија), ​​Атлетико (Шпанија), Баерн (Германија), Барселона (Шпанија), Борусија Дортмунд (Германија), Манчестер Сити (Англија), ​​Реал Мадрид (Шпанија) и Реал Сосиедад (Шпанија).

Неносители: Копенхаген (Данска), Интер (Италија), Лацио (Италија), Лајпциг (Германија), Наполи (Италија), Пари Сен-Жермен (Франција), Порто (Португалија) и ПСВ (Холандија).

Осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се игра во текот на четири недели. Првите натпревари се закажани за 13/14 и 20/21 февруари 2024 година, а реваншите на 5/6 и 12/13 март.

Манчестер Сити е бранител на титулата, а и сезонава важи за прв фаворит во најелитното клупско натпреварување. Со шест победи во исто толку натпревари во групната фаза, избраниците на Пеп Гуардиола ја истакнаа најголемата кандидатура за нова шампионска титула.

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи од 12 часот со директен ТВ пренос на Arena Premium 1. Можете да го следите и на стрим официјалната веб-страница на УЕФА (линк).

Лига Европа

Нокаут-фазата во Лига Европа е малку поинаква од Лигата на шампионите, но е иста како и лани. Почнува со плеј-оф кој ќе ги даде осумте квалификанти кои во осминафиналето ќе им се придружат на победниците од групите. Во плеј-офот носители се второпласираните од групната фаза, додека неносители се сите оние што како третопласирани од Лигата на шампиони продолжуваат во Лига Европа.

Носители: Карабаг (Азербејџан), Олимпик Марсеј (Франција), Рен (Франција), Рома (Италија), Спарта (Чешка), Спортинг (Португалија), Тулуз (Франција) и Фрајбург (Германија).

Неносители: Бенфика (Португалија), Брага (Португалија), Галатасарај (Турција), Јанг Бојс (Швајцарија), Ланс (Франција), Милан (Италија), Фејнорд (Холандија) и Шахтар (Украина).

И тука важи правилото дека тиумови од иста земја не може да се паднат.

Жрепката за Лига Европа исто така ќе оди на Arena Premium 1, но од 13 часот. Пренос ќе има и на стрим на УЕФА (линк).

Европа конференциска лига

Конференциската лига го следи форматот на Лига Европа. Се игра прво плеј-оф за кој во жрепката ќе учествуваат второпласираните од групите и третопласираните од Лига Европа. Осумте победници ќе обезбедат пласман во осминафиналето каде ги чекаат победниците на групите.

Носители: Ајнтрахт (Германија), Боде/Глимт (Норвешка), Гент (Белгија), Динамо (Хрватска), Легија (Полска), Лудогорец (Бугарија), Слован (Словачка) и Ференцварош (Унгарија).

Неносители: Ајакс (Холандија), Бетис (Шпанија), Макаби Хаифа (Израел), Молде (Норвешка), Олимпиакос (Грција), Сервет (Швајцарија), Унион (Белгија) и Штурм (Австрија).

И конференциската жрепка ќе се поренесува на Arena Premium 1, од 14 часот, а пренос ќе биде стримуван и на УЕФА (линк).

Важат истите правила за забрана на клубови од иста земја.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе