Уште од почетокот на декември, Volvo соопшти дека започнува со производство на електрични мотори во нивната фабрика во Шведска.
До 2025 година дури 50% од продажбата ќе бидат потполно електрични модели.
Во 2021 година ќе го претстават нивниот нов електричен автомобил.
Премиерата ќе биде на 2 март, а тогаш јавноста ќе добие повеќе информации за стратегијата за електрификација.
Нема многу информации, освен дека ќе ја користи CMA платформата и Volvo XC40 Recharge.
„Ќе ве држиме во неизвесност додека да го претставиме автомобилот, но ви ветуваме дека ќе биде одличен“, изјави директорот на компанијата Volvo, Хакан Самуелсон.