ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЈУЖНА АФРИКА 2010

Времеплов: 10 години од лудата одбојка на Луис Суарес

Филип Здравески
/ 02.07.2020 / 15:01

На денешен ден се случи еден од најконтроверзните моменти во фудбалската историја кога уругвајскиот голгетер Луис Суарес со рака спречи гол.

Одбојкар на голот на Уругвај: Суарес го брани ударот на Адијиа

Тој 2 јули 2010 година на „Сокер Сити“ стадионот во Јоханесбург се играше четвртфиналната пресметка помеѓу Уругвај и изненадувањето Гана во рамките на Мундијалот во Јужна Африка.

Ганците поведоа преку Сули Мунтари во надополнувањето од првиот дел, додека Уругвајците израмније во 55. минута со голот на Диего Форлан.

Тој резултат од 1:1 остана до 90. минута, по што натпреварот замина во продолженија. Токму во надополнувањето од второто продолжение, Гана имаше колосална шанса да испише историја и да стане првата африканска репрезентација која стигнала до полуфинале.

Имено, Ентони Анан нафрли од слободен удар, а мешаницата во уругвајскиот казнен простор резултираше со удар на Стивен Апија кој од самата гол-линија беше блокиран од страна на Луис Суарес. Одбиената топка дојде право кај Доминик Адијиа кој со глава биеше в гол каде на линијата останат беше Суарес кој со одбојкарски потег спречи да се затресе уругвајската мрежа.

Суарес за едни стана херој, за други илеџија

Нормално, португалскиот судија Олегариу Бенкеренса веднаш му покажа црвен картон и покажа на белата точка. Одбраната на Суарес се исплатеше бидејќи Асамоа Џан го промаши пеналот погодувајќи ја пречката, со што ја испушти победата, а натпреварот замина во пенал-рулет.

Судијата Бенкеренса го исклучува Суарес

Уругвај: Ферннадо Муслера; Макси Перејра, Диего Лугано (к) (38' Андрес Скоти), Маурисио Викторино, Хорхе Фучиле; Алваро Фернандес (46' Николас Лодејро), Диего Перес, Ехидио Аревало Риос, Единсон Кавани (76' Себастијан Абреу); Луис Суарес, Диего Форлан. Селектор: Оскар Табарес.

Гана: Ричард Кингсон; Џон Паинцил, Ајзак Ворса, Џон Менса (к), Ханс Сапреи; Ентони Анан; Самуел Инкум (74' Стивен Апија), Куадуо Асамоа, Кевин-Принс Боатенг, Сули Мунтари (88' Доминик Адијиа); Асамоа Џан. Селектор: Милован Рајевац.

„Ја направив одбраната на првенството. 'Божјата рака' сега ми припаѓа мене“, изјави по натпреварот Суарес алудирајќи на потегот на Диего Марадона од Мундијалот во 1986 кога со рака ѝ даде гол на Англија. За потегот ФИФА му додели само еден натпревар суспензија.

Во пенал-рулетот победи Уругвај со 4:2 со што потегот на Суарес се покажа како клучен. Потоа „Небесносините“ загубија од Холандија во полуфиналето со 2:3, а со истиот резултат беа поразени и од Германија во битката за бронзата.

„Овој пат Суарес наместо да дава голови, спаси гол. Мислам дека го спаси натпреварот“, рече Форлан бранејќи го потегот на соиграчот.

„Би рекол дека Суарес сега е херој во неговата земја, бидејќи топката одеше директно в гол и тој ја запре со својата рака. Тој сега е херој“, беа зборовите на разочараниот гански голгетер Џан кој со промашениот пенал стана спротивно од Суарес, виновник во очите на неговите сограѓани.

Пенал-рулетот таличен за Уругвајците, тие се радуваа, Ганците тагуваа
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе