Вучиќ: Вечерва ставив крај на кариерата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа по седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, на која се изгласа Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, изјави дека „ја заврши кариерата и дека многу работи нема да му простат“, пишува Nova.rs.

„Многу работи нема да ми простат, ова беше клинец во ковчегот“

„Вечерва овде ставив крај на кариерата. Нема да ми простат многу работи, ова беше клинец во ковчегот. Направив сè, тие направија сè за да нè понижат, а ние се искачивме на височините. Не можам да кажам дека победивме затоа што такви се процедурите, но на сите им е јасно каков е резултатот“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите во Њујорк.

Вучиќ рече дека наводните проценки на оние кои ја предложиле Резолуцијата се дека повеќе од 110 земји ќе гласаат за неа, а ќе има околу 45 воздржани.

„Огромна благодарност до унгарските браќа, но и до Словачка, Грција, Кипар...

„И бевме 107 (оние кои гласаа против и оние кои беа воздржани). Тоа значи дека 84 од нив против 107 од оние кои не сакаа да се согласат со нивниот предлог, а не зборуваме како се дојдени до тие 84, бидејќи реално, за резолуцијата гласаа околу 60 луѓе, останатите притискаа“, рече претседателот на Србија.

Тој им се заблагодари на сите земји кои гласаа против и воздржани за време на гласањето.

„Неверојатно е какви притисоци имаше и што правеа“

„Огромна благодарност до унгарските браќа, тие се единствените кои беа против во нашата средина, но и благодарност до Словачка, Грција и Кипар кои беа воздржани и покажаа пријателство кон Србија“, рече Вучиќ.

„Имате најмалку три земји кои беа принудени, а на крајот беа воздржани. Неверојатно е какви притисоци имаше и што направија... Ова е прв пат да се случи тоа да не биде едногласно“, додаде тој. Вучиќ рече и дека во наредниот период ќе разговара со Бошњаците во Србија. „Имаме една земја и мораме заедно да се бориме за иднината“, изјави тој.

реклама
Чорба со пилешко и кнедли

Рецепт на денот: Чорба со пилешко и кнедли

Read more

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Се шират снимки од грозоморно руско „човечко сафари“: Ловат цивили со дронови

Read more

Силен земјотрес ја погоди Турција

Read more

Регион

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Read more

Албанија денеска ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Read more

Албанија отвори два прифатни центри во кои Италија ќе испраќа мигранти

Read more

Протече изјава на братот на осомничениот за убиството на Данка

Read more
 

Вести

Здружението „Палиум“ реализираше настан за поддршка на палијативните пациенти

Читај повеќе

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Читај повеќе

ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, вели ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Двегодишно дете убиено во близина на границата меѓу Хрватска и Унгарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пустината Сахара се поплави за прв пат по децении

Читај повеќе

Албанија денеска ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Доставувач од Скопје лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Турција

Читај повеќе