За првпат во историјата iPhone го надмина целиот екосистем на Android

Најновото истражување покажа дека iPhone доминира на домашниот пазар во САД.

За првпат досега, во САД се користат повеќе iPhone од кој било друг тип на паметни телефони. Врз основа на податоците од Counterpoint Research, iPhone го престигна целиот екосистем на Android во јуни и презеде над 50% од уделот на американскиот пазар. На овој начин Apple го постигна својот најдобар резултат досега на домашниот пазар.

Во раните денови на iPhone, iOS (тогаш познат како iPhone OS) никогаш не достигна блиску до 50% удел на пазарот. Во тоа време на пазарот доминираа компании како Blackberry, Nokia и Motorola. До 2010 година, две години по неговото деби, Android го надмина iOS и се позиционираше како најпопуларен екосистем. Оттогаш, оперативниот систем на Google е доминантна сила меѓу мобилните оперативни системи, zaземајќи дури 70% од уделот на глобалниот пазар во оваа категорија, според податоците на Statcounter.

Иако iPhone отсекогаш имал поголемо присуство во САД во споредба со другите пазари, најновиот развој треба да го загрижи Google и нема сомнеж дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата.

„Ова е голема пресвртница што би можеле да ја видиме како се повторува во другите богати земји ширум светот“, рече Џеф Филдхек, директор за истражување во компанијата Counterpoint Research. Дека зборовите на Филдхек не се само празни шпекулации говори и фактот што во периодот од јануари 2021 до април 2022 година iPhone ги зазема сите врвни места на најважните светски пазари.

Apple ќе ги објави новите iPhone телефони на 7 септември. Сепак, овој настан ќе биде историски по една работа - Apple за прв пат ќе го користи минатогодишниот чипсет во своите водечки телефони. Останува да видиме како потрошувачите ќе реагираат на овој потег и колку тоа ќе влијае на продажбата.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе