Заев: Заврши времето на партиски реваншизам

„Ќе предводам реформска влада, заснована на три клучни темели: економија, силни институции и правда“, порача мандатарот Зоран Заев на седницата за избор на нова влада.

Тој додаде дека инеграциите ЕУ и НАТО остануваат помеѓу приоритетите на реформите влада. „Ќе работиме чесно и посветено, исклучиво за потребите на граѓаните. Програмата е доставена до Собранието, таа ќе биде предмет на дебата овде и кај граѓаните. Она што е напишано, ќе биде завет за нас дека ќе работиме да ја исполниме. Во составувањето на прорамата се водевме според принципите прифатливи за сите граѓани“, рече лидерот на СДСМ.

Додаде дека Македонија ќе биде држава на сите граѓани и дека ќе се настојува да се обезбеди стабилност за сите.

„Нашата цел е преговори со ЕУ и НАТО во најбрз можен рок, потоа раст на економијата и раст на платите. Минималната плата на работниците, законски ќе ја зголемиме на 12.000 денари, а ќе се однесува на сите. Наша цел е 16.000 денари плата до крајот на мандатот. Приоритет е поддршка на малите и средните претпријатија, кои ќе немаат притисоци. Паралелно ќе работиме на намалување на трошоците на животот, ќе ги зголемиме семејните буџети“, додаде тој во своето обраќање.

Заев порача дека ќе заврши времето на партискиот реваншизам.

„Сакам да порачам дека е доста од реваншизми и партиски отпуштања. Никој да не чувствува страв за своето работно место. Ќе го решиме проблемот со јавните службеници, кои земаат плата, а не работат. Клучна цел за социјалната политика е намалување на сиромаштијата. Пензиите ќе се усогласуваат според трошоците за живот, посебно ќе посветиме внимание младите да останат и работат во Македонија“, рече Заев.

Најсериозните реформи ќе бидат направени во судството, а институциите ќе работат професионално и независно, рече мандатарот.

„Институциите да работат независно и професионално, за граѓаните да знаат за што се наменети парите. Сите одлуки ќе ги носиме со граѓаните и граѓанските здруженија. Се обврзавме дека ќе имаме независно судство и јавно обвинителство, затоа ќе има реизбор во судството според познати светски стандарди. Ќе формираме специјално одделение во основниот суд“, потенцираше Заев.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе