Збогум Pro Max, Apple воведува нова класа на телефони

Подгответе се, iPhone 15 Ultra доаѓа следната година.

Иако уредите iPhone 14 и iPhone 14 Pro штотуку беа лансирани, гласините за новите iPhone-и веќе се шират. Неодамна се дозна дека Dynamic Island ќе биде достапен на сите уреди, а според последните шпекулации, Apple следната година ќе претстави нова класа на телефони.

Упатениот новинар Марк Гурман, чиишто предвидувања досега се покажаа како сигурни, тврди дека Apple Watch Ultra е само првиот уред на Apple од класата Ultra, односно дека следната година ќе имаме можност да видиме телефон што го носи тоа име, што можевме да го видиме на многу телефони со Android.

Според Гурман, Apple го менуваше дизајнот на своите телефони на две години, но денес тој процес трае три. iPhone 12 од 2020 година донесе дизајн со рамен раб, а iPhone 13 и iPhone 14 го користат истиот дизајн.

Значи, време е технолошкиот гигант да претстави нешто ново. Гурман верува дека редизајнот на серијата iPhone 15 ќе вклучи префрлање на USB-C, но и дека Apple ќе го ребрендира својот Pro Max уред во Ultra.

Аналитичарот Мајин Бу се согласува со информациите до кои дојде Гурман, но отиде чекор понатаму - според неговите сознанија, iPhone 15 Ultra ќе има две селфи камери, а најевтината конфигурација на овој модел ќе доаѓа со 256 GB внатрешна меморија.

Останува уште многу време до лансирањето на новата серија, а не веруваме дека деталите треба да се сфатат лековерно, бидејќи се предмет на промена. Значи, ако сè оди според планот, новата серија на iPhone би требало да изгледа вака - iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro, iPhone 15 Ultra.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе