УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2022/2023

Жрепка Лига Европа: Великаните се избегнаа

Филип Здравески
/ 24.02.2023 / 12:23

Точно на пладне во швајцарски Нион почна осминафиналната жрепка во Лига Европа, а фортуната не дозволи Арсенал да налета на Јувентус или Рома.

Во првиот барабан беа победниците на осумте групи, кои не играа во плеј-оф фазата каде копјата ги кршеа второпласираните и оние кои дојдоа од Лигата на шампионите. Токму синоќешните победници од плеј-оф дуелите се најдоа во вториот барабан, што доведе до необична ситуација каде гиганти како Манчестер Јунајтед, Рома и Јувентус беа во подредена улога, додека Ференцварош, Фрајбург и Унион Сен-Жилоа беа носители.

Под будното око на генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети, топчињата ги влечеше амбасадорот на овогодишното финале, поранешниот унгарски офанзивец Золтан Гера, кој покрај Печ и Ференцварош 10 години настапуваше на Островот играјќи за Вест Вромвич Албион и Фулам.

Фортуната не дозволи битка на титаните од Премиер лигата и Серија А, но донесе неколку интересни пресметки од кои најнеизвесно се очекува да биде помеѓу Манчестер и Спортинг и Рома и Сосиедад.

Осминафинални двојки:

Унион Берлин - Унион Сен-Жилоа
Севиља - Фенербахче
Јувентус - Фрајбург
Баер Леверкузен - Ференцварош
Спортинг - Арсенал
Манчестер Јунајтед - Реал Бетис
Рома - Реал Сосиедад
Шахтар - Фејнорд

Натпреварите ќе се играа на 9 и 16 март, по што ќе следува жрепката за четвртфиналето и полуфиналето. Финалето годинава се игра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе