УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Зидан: Аталанта игра премногу офанзивно

Вечерва големиот Реал Мадрид гостува во Бергамо, на Зидан му фалат еден куп повредени играчи, а противник е забрефтаниот тим на Аталанта.

„Знаеме каков натпревар нѐ чека и свесни сме од што доаѓаме. Работевме добро, се концентриравме и мораме да се избориме за добар резултат“, вели Зинедин Зидан.

Реал секоја година е меѓу потесните кандидати за титулата. Клубот е апсолутен рекордер по бројот на титули во Лигата на шампиони, вкупно 13, а последната му е од сезоната 2017/18.

„Го имаме потребното искуство и нашите надежи се дека ќе стигнеме до финалето. Имаме секаква намера тоа да го оствариме, тоа е она кон кое цели Реал Мадрид: излегуваме на терен за да победиме. Има и реванш, но сега мислиме на овој натпревар“.

Реал влегува во овој натпревар по една мини-победничка серија од 4 натпревари, но е во голема криза поради бројот на повредени играчи. Отсуствуваат Серхио Рамос, Марселу, Дани Карвахал, Еден Азар, Едер Милитау, Родригу, а последен на листата се стави и Карим Бензема.

„Не го познаваме многу добро противникот и поради тоа мора да ја играме нашата игра, но истовремено и да се прилагодуваме на стилот на игра на Аталанта. Тие се премногу офанзивен тим, сличен на оној на Ајакс од пред некоја година. Имаат одлични индивидуалци, солидни се, па очекувам да биде еден прекрасен фудбалски натпревар“.

Стратегот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, синоќа рече дека посакувал Зидан да биде на терен и да игра наместо да го предводи тимот од клупата.

„Не, завршив јас со играње“, смеејќи се вели Зидан. „Гасперини направи одлична работа. Тој беше тренер на младинскиот тим на Јувентус кога јас бев таму. Навистина ми се допаѓа како тренер“.

Ова е прв дуел на овие два тима кои никогаш претходно се немаат сретнато.

„Аталанта се докажа на теренот, смени два-три играчи сезонава за уште повеќе да го подобри тимот. Ќе биде тешко, но ние мораме да покажеме дека сме силен тим. Свесни сме дека минуваме низ тежок период и притисокот е силен на секој натпревар, но никој натпревар не е лесен“, заврши популарниот Зизу.

Натпреварот почнува во 21 часот на „Гевис“ стадинот во Бергамо, а правдата ќе ја дели германскиот арбитар Тобиас Штилер.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе