Знаци кои предупредуваат дека ви недостига витамин Д

Се проценува дека околу милијарда луѓе во светот имаат недостиг на витамин Д. Бројот е огромен, а овој недостиг може да доведе до најразлични здравствени проблеми.

Симптомите кои се наведени не се предизвикани само со недостиг на витамин Д, но може да бидат една од многуте причини.

Кршлива коса или опаѓање на косата

Витаминот Д е неопходен на клетките на кожата кои го обработуваат кератинот, протеин потребен за раст на косата и ноктите. Кога го нема доволно, кератинот не се произведува во доволните количини и косата паѓа. Недостигот на витамин Д често е поврзан со алопеција.

Проблеми со спиењето

Овој витамин има огромна улога во спиењето. Студиите покажаа дека неговиот недостиг може да доведе во несоница, нарушување на сонот и помалку сон. Кај некои луѓе може да биде причина за апнеја, состојба во која сонот се прекинува бидејќи дишењето не е регулирано.

Чести заболувања

Еден од штитовите на телото и имуниот систем за одбрана од болести и вируси е витамин Д. Кога на вашето тело му недостига овој витамин, се разболувате почесто. Настинки, бронхитис и воспаленија на белите дробови се почести кај лицата кои страдаат од недостиг на витамин Д.

Болка во коските и зглобовите

Студиите покажаа дека недостигот на витамин Д ги зголемува шансите за појава на ревматоиден артритис подоцна во животот. тоа се случува затоа што витаминот Д помага во одржувањето на коскената маса во телото, помага во апсорпцијата на калциум. Друга студија покажа дека луѓето кои страдаат од хронични болки во мускулите и други проблеми поврзани со коските имаат пониско ниво на витамин Д.

Константен умор

Чувството на умор може да биде од различни причини како стрес, анксиозност, депресија и недостиг на витамин Д. студија во која учествувале 480 луѓе со недостиг на витамин Д покажа дека сите чувствувале умор. Тоа е така затоа што послабите коските и мускули можат да предизвикаат поголем умор во телото. промената на исхраната и почетокот на земање додатоци во исхраната можат да помогнат во враќање на изгубената енергија.

Рани кои бавно зараснуваат

Познато е дека луѓето со дијабетес имаат проблеми со зараснување на раните. Но, ако не страдате од тоа можеби имате недостиг на витамин Д. Докажано е дека овој витамин може да ги регулира факторите на раст на ново ткиво. Исто така, во една студија се покажа дека луѓето со чиреви на нозете почесто страдаат од недостиг на витамин Д.

Како да го зголемите нивото на витамин Д?

Промена во исхраната е првиот чекор, внесување намирници богати со витамин Д како риба, белки од јајца и јогурт. Втор чекор е консултација со лекар за земање додаток во исхраната, а трет е повеќе време да минувате на сонце.

Не заборавајте задолжително да нанесете крема со заштитен фактор и избегнувајте изложување на сонце во периодот меѓу 11 и 17 часот, кога УВ зрачењето е највисоко и најштетно.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе