ЗНМ ги додели годишните награди

Скопје, 9 март 2022 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија денеска ги додели новинарските награди за 2021 година по повод 76-годишнината од своето формирање.

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, оваа година ја доби уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, додека добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара“ е Соња Колевска-Делевска од „сдк.мк“, а наградата за известување на теми од локално и регионално значење ја добија Убавка Јаневска и Даниела Саздова од „дума.мк“.

Долгогодишната уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова, изрази надеж дека овие награди на ЗНМ можеби ќе овозможат поголем број средношколци да ја изберат новинарската професија.

– Би сакала да кажам дека можеби наградата којашто ја востанови ЗНМ ќе овозможи поголем број на средношколци да ја изберат токму новинарската професија и како квалификуван кадар да можеме да ги добиеме и ние во редакциите во внатрешноста, рече таа.

Добитничката на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара“, Соња Колевска-Делевска, која се заблагодари на својата редакција за препознавањето на вакви теми потенцираше дека ќе продолжи во истата насока во врска со темите.

– Темите за човекови права станаа наш препознатлив бренд. Ние ќе продолжиме во таа насока, особено да ги третираме проблемите на луѓето чиј глас никако не може да се слушне во општеството, истакна Колевска-Делевска.

Александар Чомовски, кој беше дел од жири комисијата ја изрази својата увереност дека треба да се има верба во македонското новинарство.

– Прочитавме и прегледавме стотина страници прониклив новинарски труд, на одлично осмислени и реализирани истражувачки стории. И ви велам, не кудете го македонското новинарство. Тоа е оживеано, се поаргументирано, поверодостојно и се по бестрашно. Се влегува во темите на општествената и политичката декаденција во држава во која се уште не владее скромност и штедливост со зборот и парите, нагласи Чомовски и додаде дека се повеќе има, како што рече, „истенчен новинарски нерв“ да се открие неправдата, насилништвото, немоќта на институциите, да се трага по правдата и загрозувањето на човековите права и слободи.

ЗНМ секоја година доделува награди за новинари, наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“, и наградата којашто ја доделува од 2020 година по одлука на Управниот одбор за теми од локално и регионално значење за новинари од внатрешноста на земјата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе