Зошто Apple ја крие оваа фантастична опција на iPhone 12?

Apple работи на мистериозни начини.

Помина помалку од една недела од дебито на новиот iPhone 12, а уште стигнуваат информации за некои нови опции на овој смартфон.

Apple не ја спомна оваа опција за време на презентацијата на моделот iPhone 12, иако може да биде многу корисна.

Телефоните iPhone 12 ја имаат новата опција „обратно безжично полнење“ - Reverse wireless charging. Оваа функција првично ја направи Huawei за серијата Mate 20. Имено, телефонот може да се користи како безжичен полнач за други уреди, вклучувајќи смартфони и безжични слушалки кои поддржуваат ваков тип на полнење.

URL

Потоа Samsung ја донесе оваа технологија на нивните уреди, а потоа Google ја копираше со својот телефон Pixel 5, а еве сега и Apple. Со оглед на тоа дека AirPods се многу популарни слушалки, дури и за корисниците кои немаат iPhone телефони, овој потег најпрво го поздравија нивните корисници.

Сепак, Apple се огради така што официјално не потврди дека уредите, како и тие слушалки, заедно со шпекулираните нови слушалки AirTags, можат да се полнат преку телефоните iPhone 12.

URL

„Покрај тоа што може да се полни преку десктоп WPT полнач, iPhone 2020 ја поддржува WPT функцијата за полнење од 360 kHz на друга опрема. Во моментов, единствениот додаток што може да се полни преку iPhone е потенцијален Apple додаток во иднина“, се наведува во документацијата на компанијата Apple.

WPT значи wireless power transfer/transmission system. Иако Apple не откри јасно што ќе може да се полни преку телефонот iPhone 12, сè укажува на тоа дека само еден уред ќе може да ја користи оваа опција. Низ историјата, ниту еден додаток за овие телефони не бил поважен од слушалките на AirPods.

URL

Треба да се напомене дека Apple работи на нови слушалки AirPods кои ќе носат ознаки AirPods 3 и AirPods Pro 2, а се очекува да бидат објавени следната година. Сè уште нема гаранција дека овие слушалки ќе добијат и полнење MagSafe. Иако постои опција, телефоните iPhone засега не можат да полнат други телефони.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе