6 загрозени животински видови поради климатските промени

Климатските промени на неколку начини влијаат на нивните живеалишта и репродукција.

Температурните промени и другите ефекти од климатските промени стануваат сѐ поочигледни, а последиците веќе ги гледаме насекаде низ светот. Некои острови повеќе не постојат поради подигнувањето на нивото на морето, природни катастрофи се случуваат сѐ повеќе и секоја година сѐ повеќе животински видови изумираат поради влијанието на климатските промени врз екосистемите и живеалиштата во кои живеат.

Зголемено е и загадувањето на водата, воздухот и цврстиот отпад, што влијае на храната што ја јадат и на нивните живеалиштата. Некои животни треба да ја променат исхраната за да ги преживеат последиците од климатските промени. Ако одредени животински видови не можат да мигрираат во области со поповолна клима, многу е поголема веројатноста да исчезнат.

Гепарди

Најбрзото копнено животно во светот, гепардот, се соочува со брзо истребување поради климатските промени. Во моментов е наведен како загрозен вид на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Во некои области, популацијата на пленот на гепардите исто така се намалува. Како резултат на тоа, гепардите мораат да ја променат исхраната, односно да ловат други животни кои живеат во истата средина.

Зголемувањето на температурата дури влијае и на способноста на оваа голема мачка да се размножува. Некои студии покажаа дека нивото на тестостерон е намалено кај голем број машки гепарди. Во некои случаи, забележано е дека бројот на сперматозоиди од гепард е речиси десет пати помал од просечната домашна мачка, а научниците веруваат дека овие откритија се последица на повисоките температури предизвикани од глобалното затоплување.

Панди

Овој љубител на дрвјата, тежок 70-120 килограми и заштитен знак на Светскиот фонд за природата (WWF) се храни исклучиво со бамбус. Сепак, климатските промени ја намалуваат количината на бамбус што расте во природните живеалишта на овие животни во Кина. Покрај тоа што е нивната главна исхрана, бамбусот им обезбедува и засолниште.

Со други зборови, ефектите од климатските промени имаат многу големо влијание врз благосостојбата на пандите.

Зелени желки

Зелените желки, како и многу животински видови, се чувствителни на температурните промени предизвикани од глобалното затоплување. Со оглед на тоа што полот на бебето желка зависи од температурата на песокот на кој е поставено јајцето, климатските промени влијаат и на развојот на овие желки. Потоплите области даваат женски желки. Така, со климатските промени кои предизвикуваат пораст на температурата, се изведуваат повеќе женки отколку мажјаци. Ова може да влијае на растот на популацијата на зелените желки во иднина, бидејќи тоа значи помалку партнери за парење на женките.

Азиски слонови

Овие цицачи со големи уши се исклучително чувствителни на порастот на температурите. Тоа е затоа што за да преживеат треба да пијат многу свежа вода, а уште повеќе кога времето е потопло.

Така, климатските промени и глобалното затоплување им отежнуваат на слоновите секојдневно да ја добијат потребната количина вода.

Потоплите услови, исто така, им олеснуваат на инвазивните растенија да напредуваат и да ги надраснат редовните извори на храна за слонови - како што се лисјата од бамбус и бананите.

Поларни мечки

Климатските промени и глобалното затоплување го намалуваат количеството на арктичкиот морски мраз. Овој мраз е важен бидејќи е област каде што живеат поларните мечки и каде ловат фоки.

Така, како што количината на мраз станува помала, тоа значи дека поларните мечки имаат помал пристап до храна, а нивните живеалишта стануваат сѐ помали.

Пингвини

Овие птици живеат на континентот Антарктик и се хранат со суштества слични на ракчиња кои живеат под ледените ппокривки.

Климатските промени предизвикуваат топење на мразот во оваа област.

И како што мразот се топи, популација на нивната храна се намалува и пингвините мора да мигрираат од нивното природно живеалиште за да најдат алтернативни извори на храна.

Тоа им отежнува да се смират и да се парат за време на сезоната на парење - затоа што понекогаш едноставно им недостига храна.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе