Google го претстави Bard, својот ривал на ChatGPT со вештачка интелигенција, пред една година.
Bard беше придвижуван од моделот LaMDA, но компанијата се префрли на Gemini во декември. Меѓутоа, оваа услуга сега го презеде името на тој модел и е сменет од Bard во Gemini.
Gemini сега го лансира моделот Gemini Pro 1.0, достапен е во повеќе од 230 земји и „знае“ повеќе од 40 јазици. Достапен е преку веб-интерфејсот, но може да се користи и преку новата апликација Gemini.
Станува збор за четбот со кој може да се разговара преку текст и глас, а исто така е мултимодален, што значи дека корисникот може да внесе фотографија, но и да побара од Gemini да креира фотографија.
Gemini може да се користи потполно бесплатно, но има и Gemini Advanced верзија напојувана од моделот Gemini Ultra 1.0, кој по два месеци бесплатно користење чини 22 евра според планот Google One AI Premium.
Ова вклучува 2 TB простор за складирање и други поволности на Google One Premium, а познато е дека само One Premium чини 10 долари. Наскоро, Google ќе го овозможи Gemini на Gmail, Google Docs и други услуги. Gemini Advanced е достапен во повеќе од 150 земји низ светот, но само на англиски јазик. Со текот на времето, бројот на поддржани јазици ќе се зголеми.
Апликацијата Gemini е достапна за Android и iOS.
На Android, Gemini го надополнува Google Assistant и се активира на ист начин, со изговарање на зборот „Hey Google“ или притискање на копчето „power“, а има и други начини. Можно е да се побара резиме на статијата што ја чита корисникот, како и да се креира опис на фотографијата. Старите гласовни контроли, поставувањето тајмери, повиците и контролата на паметните домашни уреди исто така ќе продолжат да работат преку Gemini.