Саудискиот парајлија Ал Итихад се обидува со сите сили да го убеди Ливерпул да го продаде свбојот најдобар играч, па затоа сега понуди дури 100 милиони евра.
Сега сѐ е во рацете на „Црвените“ од „Енфилд“, дали ќе ја прифатат боигатата понуда, или ќе ја одбијат и ќе се одлучат да го задржат 31-годишниот Египќанец.
Мохамед Салах има договор со Ливерпул до јуни 2025 година, а според Transfermarkt неговата моментална вредност е 65 милиони евра.
Доколку се оствари трансферот Салах ќе стане најскапиот играч во историјата на саудиската лига.
Најдобриот египетски фудбалер во Ливерпул е веќе 6 години откако дојде од Рома летото 2017 година. Претходно играше и за Фиорентина, Челси и Базел, а кариерата ја почна во Ал Мокавлун. Со Ливерпул освои буквално сѐ што на клупски план може да се освои: Премиер лига, ФА куп, Лига куп, Комјунити шилд, Лига на шампиони, УЕФА суперкуп и Светско клупско првенство.
За репрезентацијата на Египет од 2011 година има 90 настапи и 51 постигнат гол.