Американската војска не е одушевена од „паметните“ очила на Microsoft

Американската војска во 2021 година потпиша договор со Microsoft вреден 22 милијарди долари, а се однесува на набавка на „паметни“ очила наменети за војници.

Година дена по потпишувањето на договорот, програмата има проблеми поради одложувања и перформансите опаднаа на четири од шест тестирања кои ги спроведе американската војска.

Договорот првично беше потпишан со Microsoft во 2018 година и вреден беше 480 милиони долари за компанијата да развие прототип на напредни паметни очила наречени Integrated Visual Augmentation System или скратено IVAS. Иако очилата со изгледот беа слични на Microsoft HoloLens очилата, комерцијално достапни на пазарот, војската побара IVAS да бидат уште понапредни.

Поточно, желбата на војската беше да интегрира неколку технологии во една платформа за војниците да можат да ги користат во текот на обука, вежби и борби. Очилата мораа да имаат ноќен вид со висока резолуција и термални сензори. Според договорот, Microsoft требаше да испорача 120.000 IVAS хедсетови во период до 10 години, а вкупната цена изнесуваше 22 милијарди долари.

Но, уредот не се покажа најдобар во четири од шест оценувања при демонстрација, се наведува во извештајот, пренесе Business Insider.

Еден од недостатоците е што екранот е видлив од неколку стотина метри оддалеченост, а тоа би можело да ги предупреди непријателите и да ја издаде локацијата на американските војници.

Втор проблем е ограниченото видно поле и периферниот вид кога се носат очилата, како и ограниченоста на движење на војниците со оглед на големината и тежината на уредот.

И покрај лошите резултати, американската војска и понатаму планира да го купи IVAS, но потребно да се направат подобрувања на кои веќе работат од Microsoft.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе