Антисмартфонот што ни треба на сите за да одмориме од социјалните мрежи
Паметните телефони со пристап до интернет и сите апликации и социјални мрежи што ни се навлезени во животот повеќе отколку што би сакале се нов вид на зависност за модерниот човек.
Дали би сакале да одморите од сето тоа, а сепак да носите мобилен телефон со себе? The Light Phone функционира како продолжение на вашиот смартфон: ги зачувува сите контакти, но тоа е сѐ што ќе добиете: телефонски повици. Нема пораки, нема видеа, нема фотографии.