Apple ги претстави новиот iPad Air и паметниот часовник Apple Watch 6

Компанијата Apple ги претстави своите нови и долгоочекувани производи: Аpple Watch 6, евтиниот Apple Watch SE, новиот iPad и редизајнираниот iPad Air.

Apple го претстави Apple Watch со нов дизајн и бои. Новиот паметен часовник го мери нивото на кислород во крвта за 15 секунди.

Нивото на кислород во крвта е особено важен податок за луѓето коишто страдаат од белодробни или кардиоваскуларни заболувања, што е особено изразено во време на пандемијата со коронавирус.

Новиот Apple Watch нуди нови опции за целото семејство бидејќи на родителите им овозможува подобра контрола над децата во смисла на рестрикција на содржините, контактите и слични опции. Цената на овој паметен часовник изнесува 399 долари.

Apple го претстави и Apple Watch SE - паметен часовник со пристапна цена кој има послаби перформански за разлика од Apple Watch 6, а цената изнесува 279 долари.

Apple го претстави и новиот iPad од осмата генерација базиран на A12 бионички процесор и дисплеј од 10,2 инчи. Цената на новиот iPad почнува од 329 долари.

Новиот iPad Air има потполно нов тенок дизајн достапен во 5 бои, екран од 10,9 инчи и A14 бионички процесор. Новиот iPad Air е најбрзиот таблет со најдобри спецификации што е произведен досега. Цената почнува од 599 долари.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе