Apple претстави ВИ модел кој уредува фотографии врз основа на текстуални команди

Apple денес сè уште не е еден од најголемите играчи во областа на вештачката интелигенција (ВИ), но сега компанијата претстави нов open source ВИ модел за уредување фотографии, со кој покажа дека може да даде придонес на ова поле.

Станува збор за модел наречен MLLM-Guided Image Editing (MGIE), кој користи мултимодални јазични модели од големи размери (MLLM) за интерпретација на наредби базирани на текст при манипулирање со фотографии. Со други зборови, алатката има можност да уредува фотографии врз основа на текстот што го пишува корисникот.

Компанијата го разви MGIE во соработка со истражувачи од Универзитетот во Калифорнија. MLLM имаат способност да трансформираат едноставни или двосмислени текстуални инструкции во подетални и јасни инструкции, кои самиот уредник може да ги следи. На пример, ако корисникот сака да уреди фотографија од пица за да ја „направи поздрава“, MLLM може да го протолкува тоа како барање за додавање зеленчук и уредување на фотографијата на тој начин.

Покрај големите промени на фотографиите, MGIE исто така може да сече, менува големина и ротира фотографии, како и да ја подобри осветленоста, контрастот и балансот на боите, сето тоа преку текстуални команди. Исто така, може да уредува одредени делови од фотографијата, но и да ја модифицира косата, очите и облеката на личноста и да отстранува елементи што се во позадина.

Apple го објави моделот преку GitHub, но заинтересираните можат да пробаат демо верзија достапна преку Higging Faces Spaces.

Apple сè уште не откри дали планира да го искористи наученото од овој проект за алатка или функција за интегрирање во некој од своите производи.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе