Apple со контроверзна одлука: Нема да може да се поправаат сите телефони

Apple одлучи да спроведе нови безбедносни мерки според кои ниту еден iPhone што сопствениците го означуваат како украден или изгубен нема да може да се поправи.

Според информациите дадени од познатиот сајт MacRumors, внатрешно писмо од Apple ги упатува вработените да не ги поправаат телефоните кои биле означени како украдени во одреден момент, или оневозможени од сопственикот од оддалечена локација.

Обесхрабрување на крадците

Се чини дека тоа е чекор на кој Apple се одлучиле со цел да ги обесхрабрат крадците, имајќи предвид дека iPhone-ите се оние кои најдолго ја задржуваат својата вредност. Apple е познат по безбедносните мерки што ги спроведува на своите телефони, а една од нив е можноста за заклучување од далечина.

Вака заклучените телефони (Activation Lock) се поврзани со сметките на нивните сопственици и невозможно е да се отклучат без нив, барем преку легални канали. Заклучениот iPhone можеше да се отклучи само преку сметката на сопственикот или преку некој што имал пристап до GSMA регистарот - препродавачи на Apple или луѓе кои за пари го промениле статусот на овие телефони во регистарот.

GSMA регистар

Кога некој iPhone е украден, тој е означен како украден во регистарот на уреди GSMA, меѓународна база на податоци што содржи информации за украдени и изгубени телефони. Регистарот GSMA се потпира на IMEI кој е единствен за сите уреди и кој им овозможува на компаниите како Apple да проверат дали телефонот е означен како украден или изгубен кога е однесен на поправка.

Apple претходно одби да ги поправа телефоните на iPhone кои биле изгубени или украдени, но само кога на нив била активна опцијата Find My. Сега листата на услови се проширува, што значи дека украдените или изгубените телефони потешко ќе се продаваат, особено ако имаат некакво оштетување.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе