Австралија опен нема право да го именува стадионот по Ѓоковиќ

Макфакс/Кајгана
/ 06.01.2024 / 13:20

На почетокот на 2022 година, кога австралиските власти го депортираа Новак Ѓоковиќ од земјата, се појави измислена вест дека тоа се прави за да се спречи стадионот во Мелбурн да го носи неговото име. Наводно, постои правило според кое играчот што ќе го освои турнирот 10 пати ја добива таа чест.

Ноле победи пред една година и ја освои десеттата титула на Австралија опен. И покрај победата, арената во Мелбурн продолжи да го носи името на најголемиот австралиски тенисер, Род Лејвер.

Крег Тајли, директор на Австралија опен, објасни зошто тоа теоретски не е возможно да се преименува арената.

„За разлика од другите три гренд слема, ние не го поседуваме објектот. Ролан Гарос, Вимблдон и УС опен, односно федерациите на овие земји, ги поседуваат стадионите, а ние го изнајмуваме. Затоа немаме право да го смениме името. Тој е во сопственост на државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн. Целиот објект го изнајмуваме од нив и многу сме задоволни што вложуваат пари во реновирање“, рече Тајли, кој не крие дека би поддржал промена на името на арената во Мелбурн.

„Сигурно е дека би го поддржал тоа, бидејќи Новак во Австралија оствари неверојатни успеси. Но, за да се случи тоа, треба да се вклопат многу работи“.

Колку многу Австралија опен се разликува од другите три гренд слема, се гледа од следниот факт.

Само во Австралија турнирот склучува договор со стадионот и само во оваа земја периодично се носи одлука дали турнирот ќе остане таму каде што е. На пример, Сиднеј постојано инсистира да му ја вратат организацијата на грен слемот. Во овој град Австралија опен се одржал 17 пати. Домаќини на првиот грен слем во сезоната во минатото биле и Аделаида, Бризбејн и Перт, па дури турнирот се одржувал и во Нов Зеланд. Не е тајна дека Кина е заинтересирана да му го одземе овој турнир на Мелбурн, иако тоа не е реално.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе