Барти нема да ја брани титулата на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос, Ешли Барти нема да настапува на овогодинешниот Грен слем поради актуелната ситуација со коронавирусот.

– Донесов тешка одлука, но за жал нема да учествувам во Европа оваа година. Минатогодишниот Ролан Гарос беше најуспешниот турнир во мојата кариера, па затоа ова не е лесна одлука. Постојат две причини за мојата одлука – првата е поврзана со здравствените ризици кои сè уште постојат со коронавирусот. Вториот е мојата подготовка, којашто не е совршена без мојот тренер. Тој нема можност да тренира со мене поради затворањето на границите во Австралија, напиша Барти на Instagram.

Барти ја освои титулата во Париз минатата година, откако ја победи Маркета Вондрушова. 24-годишната тенисерка живее во Квинсленд, кој е релативно успешен во контролата на инфекцијата и ги затвори своите граници кон понаселените југоисточни градови, каде има повеќе нови случаи. „Тенис Австралија“ ќе се обиде да закаже повеќе турнири за играчи во земјата од декември, покрај традиционалните натпревари за загревање, за да им овозможи на играчите да се подготват за Австралија Опен во јануари.

– Сега се радувам на долгиот предсезонски тренинг и летото во Австралија. Годината беше предизвик за сите и иако сум разочарана во однос на тенисот, здравјето и безбедноста на моето семејство и тимот секогаш ќе бидат мој врвен приоритет, заклучи Барти.

Ролан Гарос првично беше закажан за мај, но беше преместен за периодот 27 септември – 11 октомври поради пандемијата на коронавирус.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе