Бич филм фестивал во Охрид со европски филмови под ѕвездите

Од 19 до 23 јули, во екот на туристичката сезона во Охрид, и оваа година се одржува Бич филм фестивал.

Годинешното шесто издание нуди богата програма со филмски проекции, мастер-класи и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: плажа „Славија“, плажа „Сараиште“, брод „Армада“ и Младинскиот центар - Охрид.

Годинава публиката ќе има можност да гледа 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција) и 4 специјални проекции. Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а ќе се затвори со словенечкиот филм „Нешто слатко“. Филмската екипа од филмовите, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Елеонора Венинова, Гоце Кралевски, Александра Карделевска, ќе ги претстават своите филмови пред охридската публика.

Бич филм фестивал секоја година расте не само квантитативно со бројот на филмови, кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови, кои смело ја опишуваат моментната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на жените итн. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика, која го избира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.

„Од првата година имаме поддршка од Агенција за филм на РСМ, која ги подржува сите наши замисли, потоа од Град Охрид, со кој имаме многу години успешна соработка и веќе сме домашни таму и од годинава ќе потпишеме официјален меморандум и Бич фил фестивал ќе се преименува во Охрид филм фестивал, од Министерството за култура, исто така и од Кинотека на Северна Македонија, Францускиот институт, Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge), а секако ни е важна и соработката со комерцијални спонзори, како Халк Банка, кои со години нѐ подржуваат и се залагаат за развој на културата, DM-дрогерии, кои со својот летен асортиман совршено ја заокружуваат ова летна приказна и многу други“, велат организаторите.

И оваа година, трет пат, фестивалот е поддржан и од Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge, EFC), кој е достапен за повеќе од 100-милионската публика во 12 држави од Европа, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Европскиот филмски предизвик со текот на годините развива и поврзува мала, но значителна заедница, љубители на европскиот филм и инди-киното, која активно го користи просторот за забава, откривање, препорачување и споделување на најдобрите европски остварувања.

Во моментот е активен предизвикот за Венеција, кој победникот ќе го однесе на Филмскиот фестивал во Венеција (Biennale Cinema 2023), а правилата за учество се исти: во тек на 10 недели, од 19 јуни до 27 август 2023 година, да се гледаат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во киносали, телевизија или на легални VOD-платформи за што се добиваат различен број поени. Годинешниот Бич филм фестивал на публиката за секој изгледан долгометражен филм од програмата ѝ носи дополнителни 40 поени, а со тоа и поголеми шанси за победа.

„За Европскиот филмски предизвик, Бич филм фестивал е од големо значење како културен настан во државата бидејќи привлекува млада публика (18-35 години), која е исклучително тешко во денешно време да ја анимираш и ангажираш да гледа европски кинематографски остварувања кога на сите платформи се промовираат сензационалистички холивудски филмови. Поттикнувајќи ја филмската писменост, промовирајќи европски аудиовизуелни дела и фестивалите, EFC служи како доказ за моќта на киното во премостувањето на културите, промовирањето на различностите и разгорувањето на страста за раскажување приказни. Без разлика дали сте филмофил, млад филмски режисер или едноставно поединец, кој сака да го истражи богатството на европската кинематографија, Европскиот филмски предизвик дава исклучителна можност да почнете филмско патување“, велат од Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“, кој го реализира проектот.

Тагови
реклама

Руски астролог предвидува дека 2025 година ќе биде многу профитабилна за 3 хороскопски знаци

Read more

Viber доби два нови типа на пораки

Read more

Ривалот на Шумахер: Се мразевме, беше невиден манипулатор

Read more

Украинците се подготвени да им отстапат територија на Русите, но под еден услов

Read more

Култура

Изложба Ќе ме (С)нема! за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Read more

Патување низ шпанската кинематографија во скопската Кинотека

Read more

49-то издание на МОТ од 15 до 21 ноември во Скопје

Read more

„Тоа сме ние“ – книжевно читање на новата генерација во МКЦ

Read more
 

Вести

Може ли Трамп да се кандидира за трет претседателски мандат во 2028 година?

Читај повеќе

Фиренца воведува забрани за посетители за да се намали гужвата

Читај повеќе

Николовски: Поголема контрола на Блаце, во радар брзите пошти

Читај повеќе

Ненавремено доставување на пратките, долгови, неправилности во „Пошта“

Читај повеќе

Кој е „бескрупулозниот“ нов шеф на Пентагон?

Читај повеќе

Две тела најдени во запалена куќа во скопско Морани

Читај повеќе

По 11 години откриени извршители на убиство во Тетовско

Читај повеќе

Бесплатни тестови за рак на простатата во „Железничар“

Читај повеќе

Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија

Читај повеќе