Британец починал на одмор откако се обидел да испие 21 коктел од менито во хотелскиот бар

Макфакс/Кајгана
/ 28.06.2023 / 08:49

53-годишен маж од Британија починал на одмор во Јамајка откако се обидел да испие 21 коктел од менито во барот. Тимоти Саутерн починал во мај 2022 година, откако го прифатил предизвикот да пие алкохол во хотелскиот бар покрај базен.

53-годишникот бил на одмор со својата сестра, децата и другите роднини кога се случила трагедијата. Тимоти Саутерн, од Личфилд, Стафордшир, испил 12 коктели кога отишол во својата соба.

„Беше на грб и се гушеше. Го ставив во положба за опоравување, повраќаше, барав помош, го прашував како се вика“, раскажува роднината.

Кога пристигнала медицинската сестра, очекувале да се грижат за пациентот и да го однесат во болница, но тоа не се случило.

„Забележав дека почна да се лади. Му го проверив пулсот и не можев да го најдам. Го погледнав во лицето и помислив дека починал. Почнав да ѝ викам: не седи само да го гледаш, почни со реанимација“, вели роднината.

Тимоти Саутерн

Според него, била направена само компресија на градниот кош.

„Да знаеше што прави, можеби тој сепак ќе беше тука и жив. Услугата и третманот што го доби беа лоши“, тврди роднината.

Истрагата утврдила дека Тимоти веќе пиел бренди и пиво утрото кога се сретнал со две Канаѓанки кои се обидувале да го завршат предизвикот од 21 коктел пред полноќ, за да прослават еден од нивните родендени.

Патолог од Кингстон, Јамајка, ја навел причината за смртта како „акутен гастроентеритис поради консумирање алкохол“.

По неговата смрт, семејството собрало речиси 10.000 фунти за да го вратат во Обединетото Кралство откако дознале дека патничкото осигурување што мислеле дека го има преку неговата банка всушност не ги покрива трошоците.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе