Британски новинар ќе објави книга за Меган: Дознав неверојатни работи за неа

Британскиот принц Хари не е единствениот кој објавува книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бовер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „неверојатни информации“, пишува Daily Mail.

Том вели дека завршил со пишувањето на книгата и истата може да биде објавена оваа есен.

„Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, изјави тој.

Новинарот вели дека му било тешко да дојде до информации за Меган, бидејќи луѓето не биле баш одушевени да зборуваат, а Маркл и нејзините адвокати правеле сè за да го саботираат пишувањето на книгата.

„Тоа е навистина одлична, фасцинантна приказна за жена која буквално од никаде станува светска фигура, а која згазила се на патот, што е одлика на многу политичари и тајкуни“, додава Бовер кој веќе има напишано биографии на Ричард Бренсон, Џереми Корбин, Роберт Максвел, Мухамед ал-Фајед и други.

Кралскиот експерт Нил Шон вели дека Меган е загрижена поради објавувањето на оваа книга.

„Според информации од многу добри извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да наштети на нејзиниот имиџ. Загрижена е околу тоа со кого разговарал Бовер и се прашува, како што истакнува нејзиниот тим, колку тие тврдења за неа се точни. Во секој случај, многу повеќе луѓе веруваат дека ќе ја дознаат вистината од неговата книга отколку од мемоарите на принц Хари“, вели Шон.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе