Бритни до најблиските: Зошто не се обидовте да ме спасите порано?

Иако не сакаше да ги именува луѓето кој ги прозва, Бритни Спирс вчера одлучи јавно да испрати порака до поединци кои „предоцна ја поддржаа во борбата“.

На крајот на јуни годинава, Бритни Спирс одлучи да го прекине долгогодишниот молк на судското рочиште во врска со нејзиното т.н. конзерваторство (целосно старателство) и потоа сведочеше против нејзиниот татко кој веќе 13 години има целосна контрола врз неа и нејзиниот имот.

После тоа, таа беше поддржана од голем број познати личности, но и од неколку членови на нејзиното семејство. Пејачката за прв пат зборуваше за моралната поддршка која ја доби во последниве месец дена.

„Нема ништо полошо од ситуација кога вашите најблиски, кои никогаш не биле таму за вас, одеднаш зборуваат и ви даваат јавна поддршка. Нема ништо полошо од тоа! Како се осмелија да кажат нешто? Дали воопшто се обидоа да ми помогнат тогаш кога очајно ми требаше? Како може само сега јавно да кажеш колку ти е гајле? Зошто не ми даде подадена рака кога се давев?“, напиша Спирс во објава на Instagram.

Додаде и дека луѓето на кои им е испратена пораката сигурно ќе се препознаат и не сака да ги именува поединечно: „Ако сакате да објавите нешто, нека биде нешто правилно и искрено. Вие сте далеку од она што навистина го кажавте и објавивте“.

И покрај тоа што не е јасно кому му се обраќа пејачката, голем број нејзини пријатели претпоставуваат дека тоа е нејзината сестра Џејми Лин Спирс, која на почетокот на овој месец пишуваше за оваа ситуација на својот профил на Instagram.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе