Бугарскиот европратеник Џамбазки направи нацистички поздрав среде Европскиот парламент

Обраќајќи му се на италијанскиот колега Сандро Гоци, бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки среде Европскиот парламент го направи нацистичкиот поздрав, заштитен знак на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини.

Џамбазки, инаку познат антимакедонист, негатор на македонскиот народ и поборник за кршење на човековите права на македонското малцинство во соседна Бугарија, од синоќа е мета на лавина критики од европската јавност поради неговиот испад со нацистичкиот поздрав.

Колегите на Гоци, кој беше мета на испадот на Џамбазки, застанаа на страната на Италијанецот обвинувајќи го Бугаринот за нацизам и побараа да биде санкциониран.

„Го навреди Сандро Гоци. Потоа ја напушти салата на овој начин. Тоа е Ангел Џамбазки, европратеник од бугарското националистичко движење. Погледнете го, погледнете го сите и пресудете сами. За мене има само еден збор: срамота. Поддршка за Сандро“, од Никола Данти, потпретседател на Renew Europe.

URL

„Да се навреди колега и да се изгнаси Европскиот парламент со нацистички поздрав е недостоен чин кој не може да се толерира. Силна осуда за бугарскиот пратеник Џамбазки и солидарност за мојот пријател Сандро Гоци. Мора што поскоро да се преземат мерки“, напиша италијанската европратеничка Рафаела Паита.

URL

„Нацистички поздрав среде Европскиот парламент. Скандалозна агресија врз демократијата. Предупредување за непречен пораст на насилната екстремна десница. Закана за сите нас“, порача францускиот европратеник Стефан Бижу.

URL
URL
URL
URL
URL
URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе