Честата прекувремена работа го зголемува ризикот од предвремена смрт

Според најново истражување, само во 2016 година, работењето 55 или повеќе работни часови неделно убиле 745.194 лица.

Студијата, спроведена од Светската здравствена организација и Меѓународната организација на трудот, беше прва глобална анализа за испитување на здравствените ризици поврзани со долгото работно време. Истражувачите откриле дека 745.194 луѓе ширум светот починале од мозочен удар или срцеви заболувања поврзани со прекувремена работа. Тоа е за 29% повеќе отколку во 2000 година.

„Работата 55 часа или повеќе неделно е сериозен ризик за здравјето“, вели д-р Марија Неира, директор на Одделот за животна средина, климатски промени и здравје на СЗО.

Поголемиот дел од смртните случаи, 72%, биле пријавени кај мажи кои живеат во регионите на Западен Пацифик и Југоисточна Азија.

Студијата исто така откри дека работата 55 или повеќе часа неделно е поврзана со 35% поголем ризик од мозочен удар и 17% поголем ризик од смрт од исхемична срцева болест во споредба со оние кои работат 35-40 часа неделно.

Иако студијата не го зеде предвид работното време во пандемијата, д-р Тедрос Гебрејесус, генерален директор на СЗО, рече дека работата од дома може да придонесе за раст на овој тренд во иднина.

„Работењето од далечина стана норма во многу индустрии, но честопати ги замаглува границите меѓу домот и работата“, рече Гебрејесус.

Неира повика на реформа на трудот, имајќи ги предвид овие нови сознанија.

„Време е сите, владите, работодавците и вработените, да се освестат од фактот дека долгото работно време може да доведе до прерана смрт“, рече Неира.

„Владите, работодавците и работниците мора да работат заедно за да се договорат за ограничувањата за заштита на здравјето на работниците“, се согласи и шефот на СЗО.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе