Дали ја добивте новата опција на платформата X?

На корисниците им се препорачува одвреме-навреме да проверуваат дали се појавила нова опција во нивната мобилна апликација.

Сите корисници на X платформата наскоро ќе можат да остваруваат видео и аудио повици на таа мрежа. Она што досега беше достапно само за корисниците на Premium, оние кои редовно плаќаа претплата, сега ќе биде достапно за сите.

Според најавата на директорката на платформата X (Twitter), Линда Јакарино, оваа опција постепено ќе им биде достапна на корисниците. Опцијата за воспоставување повик со други корисници на платформата се наоѓа во сандачето во X апликацијата.

URL

За потсетување, можноста за меѓусебни повици на X првпат беше воведена во октомври 2023 година за корисниците на iOS, а подоцна стана достапна и за корисниците на Android, под услов да имаат претплата за X Premium. Сопственикот на платформата X, Илон Маск, веќе тогаш најави дека оваа опција ќе биде достапна за сите корисници.

На корисниците им се препорачува одвреме-навреме да проверуваат дали оваа опција се појавила во нивната мобилна апликација.

А за оние кои не сакаат луѓето да им се јавуваат преку X, може да изберат кој може да им се јави во поставките и дали сакаат да ја објават својата IP адреса за време на повикот.

Тагови
реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Интернет

Пробив во оптиката: Интернетот станува десетпати побрз

Read more

Протекоа 184 милиони лозинки: Експерт за сајбер безбедност алармира - секој можел да ги преземе

Read more

Google воведува AI режим: Пребарувањето би можело да изгледа како разговор со експерт

Read more

Најбогатата ѕвезда на OnlyFans со совет до девојките кои сакаат да отворат профили на платформата

Read more
 

Гик

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе

Microsoft намерно го забавува Windows

Читај повеќе
  • play_arrow

Пренослив Xbox доаѓа годинава

Читај повеќе

YouTube прави сè за да не ги блокирате рекламите

Читај повеќе