Дали на ултрапреработената храна треба да стои предупредување дека предизвикува зависност?

Означувањето на некои видови храна дека потенцијално предизвикуваат зависност би можело да им помогне на луѓето да ја променат нивната исхрана, велат научниците, бидејќи проценките покажуваат дека секој седми возрасен и едно од осум деца би можеле да станат зависни од индустриски високо обработена храна (UPF).

Истражувачите велат дека начинот на кој некои луѓе консумираат храна богата со масти и јаглехидрати може да ги исполни критериумите за дијагноза на нарушување на исхраната во форма на зависност.

Критериуми за дијагноза зависност

Однесувањата што го исполнуваат овој критериум вклучуваат, меѓу другото, интензивна желба, симптоми на повлекување, помала контрола врз внесот и континуирана употреба и покрај последиците како што се прекумерна дебелина, прејадување, полошо физичко и ментално здравје и понизок квалитет на живот, според истражувачите.

Тим меѓународни истражувачи укажува на мета-анализа на 281 студија од 36 различни земји. Тоа покажува дека „зависноста од ултрапреработена храна“ се јавува кај 14 проценти од возрасните и 12 проценти од децата.

Означување на храната како „предизвикувач на зависност“

Етикетирањето на некои намирници богати со јаглени хидрати и масти како „предизвикувач на зависност“ може потенцијално да го подобри здравјето преку промени во социјалните и клиничките политики, велат научниците.

„Постои конвергирана и конзистентна поддршка за валидноста и клиничката релевантност на зависноста од храна“, рече Ешли Геархард, автор на трудот и професор по психологија на Универзитетот во Мичиген во САД.

„Со признавањето дека одредени видови преработена храна имаат зависнички својства, би можеле да помогнеме во подобрувањето на глобалното здравје“, додаде таа.

Исто така, ќе поттикне повеќе истражувања во овие области, забележуваат авторите.

Што ја зголемува зависноста од храна?

„Со оглед на тоа колку овие намирници се распространети - тие сочинуваат 58 проценти од калориите што се консумираат во Соединетите држави - има толку многу што не знаеме“, рече коавторката Александра Дифеличеантонио, доцент на Институтот за биомедицински истражувања Фралин во САД.

Авторите на трудот, објавен од The ​​BMJ, дадоа пример за порција лосос и чоколадо. Лососот има сооднос помеѓу јаглехидрати и маснотии од приближно 0 спрема 1. За разлика од тоа, чоколадото има однос јаглехидрати и масти од 1 до 1, што се чини дека го зголемува потенцијалот за зависност на храната.

„Многу ултрапреработени намирници имаат повисоки нивоа на двете. Таа комбинација има различен ефект врз мозокот“, додава проф. Дифеличеантонио.

Рафинираните јаглехидрати и масти како алкохол или никотин

Истражувачите од САД, Бразил и Шпанија истакнуваат дека „рафинираните јаглехидрати или масти предизвикуваат слични нивоа на екстрацелуларен допамин во стриатумот на мозокот како оние што се гледаат со супстанции кои создаваат зависност како што се никотин и алкохол“.

„Врз основа на овие бихејвиорални и биолошки паралели, храната која содржи високо ниво на рафинирани јаглени хидрати или додадени масти се силни кандидати за супстанција која создава зависност“, додаваат тие. Адитиви за храна, исто така, може да придонесат за „зависност од UPFs“, велат тие.

„Иако адитивите, кои се додаваат во храната за вкус и за подобрување на чувството во устата, веројатно нема да предизвикаат зависност сами по себе, тие би можеле да станат моќни засилувачи на ефектите на калориите во цревата“, напишаа тие. Но, научниците нагласуваат дека не секоја храна има потенцијал да создаде зависност.

„Иако е потребно дополнително внимателно истражување за да се одреди точниот механизам со кој овие намирници предизвикуваат реакции на зависност, UPF со висока содржина на рафинирани јаглехидрати и масти јасно се гледаат во моделите на зависност и доведуваат до негативни здравствени исходи“, заклучуваат истражувачите.

„Ултрапреработената храна со висока содржина на рафинирани јаглехидрати и додадени масти се привлечни и се консумираат компулсивно и може да предизвикаат зависност“, додаваат тие.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе