Дали „вселенскиот Бермудски триаголник“ е закана за човештвото?
Бермудскиот триаголник е извор и на ужас, и на фасцинација уште од средината на 19 век. Бродовите, авионите и луѓето кои едноставно исчезнале тамут и, се разбира, долгата листа на теории и објаснувања кои го следат, со право му го донеле името Ѓаволски триаголник.
Но, дали знаевте дека Земјата не е единственото место каде што можеме да најдеме нешто вакво? Научниците открија космички гробишта наречени „вселенски Бермудски триаголник“, огромен регион над Земјата што е закана за сè што ќе влезе таму.