Дали знаете што значи оваа нова ознака на гумите?

Pirelli дизајнираше ново лого за да ги идентификува гумите кои содржат најмалку 50% материјали од биолошко и рециклирано потекло.

Новата ознака, на која се прикажани две стрелки во круг, е поставена на новите производи и јасно ќе им сугерира на клиентите за какви гуми станува збор.

Оваа ознака беше употребена за прв пат на пневматиците P Zero E Оваа гума содржи повеќе од 55% материјали од био-базирани и рециклирано потекло, како што е потврдено од Bureau Veritas, светски лидер во верификацијата на сообразноста и сертификацијата на квалитетот, стандарди за животна средина, здравје, безбедност и социјална одговорност ( ISO14021).

Главниот предизвик во развојот на новиот P Zero E беше да се комбинира потребата за одржливост со перформансите што се бараат од гумите. Оваа цел беше постигната благодарение на новите материјали, кои вклучуваат:

Лигнин

Лигнинот доаѓа од отпадот од индустријата за пулпа и хартија и придонесува за издржливоста на гумата и намалување на отпорот на тркалање.

Оризови лушпи - пепел - силициум диоксид

Силициум диоксидот од пепел од оризова лушпа се добива од остатоците од одгледувањето на оризот. Силициум диоксидот е широко користен во соединенија за шарите за да се постигнат високи нивоа на перформанси во влажни услови. Силициум диоксидот од пепел од оризова лушпа е добра замена за силициум диоксид базиран на фосили, кој претходно се користеше.

Кружни саѓи

Саѓи се добиваат во процесот на пиролиза на стари гуми. Пиролизата е начин да се спречи испраќањето на отпадните гуми на депонија. Саѓите се користат во гумени соединенија за да се оптимизира стабилноста, цврстината и издржливоста на гумите.

Биокружни полимери

Биокружните полимери се направени од мономери добиени од употребено масло за јадење или масло за пиролиза на гуми. Тие се замена за полимерите од фосилни извори.

Природна гума

Природната гума се добива од латексот на Hevea Brasiliensis, гуменото дрво. Ова е материјал 100% добиен од биомаса.

Биосмола

Биосмола се пластификатори добиени од растителна биомаса како што се растителни семиња (сончоглед или семе од репка) или смоли на основа на дрвја. Биосмола (биоресини) се разновидни состојки кои обезбедуваат подобра рамнотежа на перформансите на суви и влажни коловози.

Вискоза

Вискоза е текстилно засилување на гумата, со влакна добиени од целулоза.

реклама

Како содата бикарбона може да се користи за здравствени цели?

Read more

Посни плескавици од тиквички и модар патлиџан

Read more

Зошто Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапијата?

Read more

Шокантни цени во Грција: Две лежалки и чадор 60 евра

Read more

Авто новости

Зошто е важно возачот да биде одморен пред тргнување на одмор?

Read more

Од денеска поскапи патарините во Хрватска

Read more

Каде може да добиете казна за возење со апостолки или боси?

Read more

Почна производството на новата генерација BMW Series 1

Read more
 

Автомобили

Зошто е важно возачот да биде одморен пред тргнување на одмор?

Читај повеќе

Од денеска поскапи патарините во Хрватска

Читај повеќе

Каде може да добиете казна за возење со апостолки или боси?

Читај повеќе
  • filter

Почна производството на новата генерација BMW Series 1

Читај повеќе

Toyota наскоро веќе нема да ја нуди Supra со 4-цилиндричен мотор

Читај повеќе

Дали знаете што значи оваа нова ознака на гумите?

Читај повеќе

Германците советуваат како да заштедите гориво додека возите

Читај повеќе

Три светла во вашиот автомобил што сигнализираат дека треба да посетите механичар

Читај повеќе

Jeep Avenger е хит во Европа, продадени повеќе од 100.000 примероци

Читај повеќе