Зошто е важно возачот да биде одморен пред тргнување на одмор?

Без разлика дали патувате преку ден или во текот на ноќта, од клучно значење е да бидете добро одморени.

Плановите за одмор се при крај и со нетрпение сите го очекуваат летниот одмор поминат на некоја плажа со најблиските. Оние кои се подготвуваат да заминат на одмор сигурно веќе пресметале дека е поевтино да летуваат во сопствена режија, отколку преку агенција која би го организирала патувањето.

Доколку имате одлучено да патувате со автомобил, сигурно сте размислувале и за тоа кога е најдобро време да се тргне на долго патување, дали преку ден или во текот на ноќта.

РСБСП апелира до возачите:  Бидете внимателни,  надворешната и внатрешната температура во возилото да не биде поголема од седум степени, а исто така правете и чести паузи. Најдобар совет е да се тргне на пат  тогаш  кога возачот ќе биде добро одморен.

Возење преку ден

Најголемата предност на управување на возилото на долги патувања во текот на денот е тоа што видливоста е многу поголема, полесно и порано се видливи и полесно се перципираат сите елементи кои влијаат на безбедноста во сообраќајот, полесно се идентификуваат потенцијалните закани, пречки и можните  опасни ситуации во сообраќајот.

Сите бензински станици, аптеки и продавници работат, а и многу полесно пристигнува службата за помош, доколку се најдете во неволја или автомобилот е во дефект. Возење во текот на денот е особено погодно за луѓето кои користат  диоптерски леќи или очила.

Сепак покрај предностите, како најголема пречка  за возење преку ден се смета зголемениот интензитет на сообраќај. Најголемата разлика во однос на ноќното возење е што во текот на денот возачите често ги пресретнуваат големи товарни камиони и машини кои се бавни и кои зад себе создаваат колони.

Исто така, во текот на денот поголеми се и гужвите на бензинските станици,  наплатните рампи за патарина и на  граничните премини. Се вози по исклучително високи температури, а секое подолго чекање во колона значи подолго и поголемо изложување на сонце, а тоа најтешко го поднесуваат најмладите патници, особено доколку во возилото нема клима, иако тоа веќе и не е честа појава.

Ноќно возење

Најголемата предност која ја има возењето во текот на ноќта е помалиот интензитет на сообраќајот, како и фактот дека нема метеж на граничните премини, патарините и бензинските  станици. Статистичките податоци покажуваат дека во текот на ноќта се случуваат и помалку сообраќајни несреќи но, доколку се случи тие се со катастрофални последици. Температурите во ноќта се значително намалени, а со тоа и возењето е попријатно. Доколку на патиштата има застој, чекањето е многу полесно заради пријатните температури, а исто така ноќта е период кога најмалите спијат, па возачот има мир и концентрација.

Но една од најзначајните маaни во ноќното возење е тоа што видливоста на патот е значително намалена, па многу тешко може навремено да се идентификуваат заканите и препреките на патот. Лицата кои имаат послаб вид, не би требало да да возат навечер. За време на ноќното возење често се случува возачот да почувствува криза за спиење и веднаш треба да застане за да одмори, а тоа најчесто се случува во периодот помеѓу четири и шест часот наутро.

Организирајте го патувањето според вашите лични афинитети и секогаш патувајте одморени.

реклама

Американските демократи во паника: Кризата на Бајден станува сериозна закана

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Ги посетил сите земји во светот, за една вели дека е сѐ што можете да посакате

Read more

15 грчки острови кои се убави како Крф, но со многу помалку гужва

Read more

Авто новости

Land Rover го претстави најмоќниот Defender досега

Read more

Дали знаете што ви сигнализира автомобилот кога ќе светнат алармите?

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Koenigsegg Jesko постави четири светски брзински рекорди

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Land Rover го претстави најмоќниот Defender досега

Читај повеќе

Дали знаете што ви сигнализира автомобилот кога ќе светнат алармите?

Читај повеќе

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Koenigsegg Jesko постави четири светски брзински рекорди

Читај повеќе

Не користи мобилен телефон додека возиш!

Читај повеќе

Легендарниот DeLorean од Back to the Future сега може да вози и на струја

Читај повеќе

Зошто е важно возачот да биде одморен пред тргнување на одмор?

Читај повеќе

Од денеска поскапи патарините во Хрватска

Читај повеќе

Каде може да добиете казна за возење со апостолки или боси?

Читај повеќе