Денот на независноста на РС Македонија го дочекуваме во напредна држава, вели Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и со видео порака, во чест на денешниот голем државен празник 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката.

„Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година. На овој датум, пред 32 години, огромно мнозинство од граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во независна, самостојна, суверена и прогресивна држава. Генерациите од 1991-та година, ги водеше гласот за слобода, државност и интеграција, што одекнува од Илинден 903-та и АСНОМ 44-та година. И тие одговорија со граѓанска и политичка одговорност кон аманетот и перспективите“, рече Ковачевски.

Како што вели, 32 години по прогласената независност на нашата Република, Гласникот на слободата, 8 Септември, денес бара слух од сите нас, за континуиран развој.

„Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации. Со разумни и храбри одлуки нашата држава дојде до независност по мирен пат и притоа ја сочува унитарноста. Воведовме своја државна валута. Знаме. Химна. Станавме членка на Обединетите нации. Надминавме воен кофликт. Станавме членка на НАТО. Отпочнавме преговори со Европската Унија. Денес живееме во држава со осигурани територијални граници. Со признаен македонски јазик и македонски идентитет. Држава којашто е пример за почитување на човековите права, како успешна, мултиетничка и мултикултурна функционална демократија. Европа во мало“, додаде Ковачевски и додаде:

„Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес. Интеграцијата во ЕУ за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија. Почитувани граѓани – нека ни е честит и вековит 8 Септември – Гласник на слободата!” истакна Ковачевски.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе